Косовец уапсен во Македонија: Интерпол го барал за убиство во Еквадор

Од:

Македонската полиција го приведе Рамзи Аземи од Косово поради распишана потерница по него од страна на полицијата во Еквадор. Еквадор го сомничи косовецот за убиство на државјанинот на Албанија, Илир Хидри, што се случило во мај 2017 година во градот Гвајакил во Еквадор.

Македонското МВР ја потврди информацијата.

„На 05 декември во 22.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода А.Р.(42) од Косово, затоа што по извршена контрола и проверка било констатирано дека се барал со меѓународна потерница од Интерпол. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка“.

Во јуни 2017 година во Еквадор беше убиен Илир Хидри. Бил ликвидиран со три куршуми во задниот дел од главата. Низ постапката се говореше дека токму убиениот Хидри бил соработник на полицијата за разоткривање на нарко мрежа и дека соработувал со американската ДЕА, и дека поради тоа е ликвидиран.

Налог за апсење на косовецот Аземи бил издаден во 2021 година, и оттогаш се наоѓа на црвената листа на Интерпол.

Во притвор е во Македонија и ќе го чека формалниот процес за екстрадиција.

Би можело да ве интересира

На преминот „Морина“ уапсен Косовец баран од македонските власти

Горан Наумовски

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Преку лажни профили на МВР и Интерпол се нуди помош за измамени во “Конти“, предупредува полицијата

Катерина Ѓуровски

МВР: Приведен е крадец осуден на 10 години и девет месеци затворска казна

ВМРО-ДПМНЕ: Кривичен суд се претвори во институција портпарол на ставовите на СДС и ДУИ

На аеродромот во Тирана уапсен кумановец баран со меѓународна потерница

Горан Наумовски