Германија бара виновниците за хемискиот напад кај Дамаск да одговараат пред Хашкиот трибунал

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле денеска побара одговорните за нападот со хемиско оружје кај Дамсак на 21 август, да бидат изведени пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг.

Како што јави ИТАР-ТАСС, Вестервеле потенцира дека според оценките на германската Влада, зад нападот, во кој загинаа неколку стотици лица, стои режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

– Фактите јасно покажуваат дека одговорност за овој чин паѓа врз режимот на Асад, нагласи шефот на германската дипломатија.

Велика Британија, САД и Франција исто така тврдат дека нападот со хемиско оружје од 21. август е дело на силите лојални на сирискиот претседател.

Вестервеле исто така најави дека Берлин ќе и додели 10 милиоин евра на Организацијата за забрана на хемиското оружје, како германска помош во напорите за уништување на хемискиот арсенал на Сирија.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски