Лидија Каначковиќ, судика во Вишиот управен суд и Селим Адеми, државен советник за правда се новите предлози за членови на Судскиот совет.
Предлогот Каначковиќ и Адеми да станат членови на Судскиот совет, собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања ќе го достави до Собранието, а се очекува тие да бидат изгласани на следното праламентарно заседание.
Каначковиќ и Адеми беа предложени од претседателот на Комисијата Илија Димовски, додека Беким Фазлиу, пратеник од ДПА го предложи Елвир Исени, адвокат од Тетово.
Опозицијата обвини за партизација на судството, на што пратениците од мнозинството одговорија дека предлагаат професионалци кои имаат богато правничко искуство.