Најмалку четири лица се повредени вечерва во престрелка во Брисел, соопшти локалната полиција.
Според медиумите, не се работи за терористички напад, а весникот „Ле Соар“ наведува дека животот на едно лице е во опасност, пишува Брисел тајмс.
„Добивме дојава за пукање што се случи на авенијата де ла Тоасон д’Ор околу 19 часот и 30 минути. Нашите служби веднаш излегоа на местото на настанот“, изјави портпаролката на полицијата Илсе Ван де Кеер.