ВИДЕО: Здружението „Мобилност“ почна со реализација на проектот поддржан од општината

Од:

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Струмица почна со реализација на проектот „Подигнување на јавната свест за лицата со телесен инвалидитет“ кој се реализира со финансиска поддршка на општина Струмица во висина од 95 илјади денари.

По тој повод, денеска се одржа работен состанок на кој присуствуваа претставници на здружението и раководителот на одделението за локален економски развој при општина Струмица, Тони Милушев со неговите соработници. Координаторот на проектот, Мери Туџарова, пред присутните ги презентираше активностите кои членовите на здружението ќе ги реализираат во рамките на овој проект.

-Во рамките на проектните активности предвидена е изработка на веб страница на здружението која ќе ги содржи најосновните информации како за активностите во минатите години, така и за тековните активности и идните планови кои ќе ги реализира, а се со цел јавноста да биде информирана за нашите активности. Следна активност која што е планирана со овој проект е изработка на флаери на кој што ќе бидат испишани бенефитите како за самовработување на лицата со телесен инвалидитет, така и за вработувањата од страна на работодавачите. Исто така, имаме изготвено и анкетен лист кој што ни служи за ревидирање на нашето постоечко членство, откривање на нови членови, како и регистрирање на нивната потреба од било каков вид на помош. Во оваа прилика би сакала да им се заблагодарам  на градоначалникот Зоран Заев и Советот на општина Струмица за досегашната соработка како во реализацијата на нашите проекти, така и за поддршката за други активности и манифестации што ги остваруваме во текот на годината, рече Мери Туџарова координатор на проектот.

Оваа година општина Струмица со  2,3 милиони денари финансира вкупно 23 проекти на здруженија на граѓани и фондации од областа на социјалната заштита и локалниот економски развој.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

Невремето предизвика големи штети во струмичко

Во Струмица се урива незаконски поставената урбана опрема и на објекти подигнати на јавни површини

Горан Наумовски

Мртов матурант е пронајден во близина на склад за дрва во Струмица

Горан Наумовски