ВМРО-ДПМНЕ: Бруталното убиство на Вања е пораз за цела држава, оставка на Спасовски веднаш

Од:

Бруталното и грозоморно убиство на Вања е пораз за цела држава. Тоа се случи и поради нефункционирањето на системот, неспособноста на институциите и отсуството на одговорност велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Еден од главноосомничените е во бегство. Истиот тој е и поранешен висок функционер на владејачката СДС, меѓудругото дел од една криминално рекетарска банда која настапува и во јавниот простор за кој е јасно дека е блиска до власта, група која уценува неистомислемици, и која работи само за користољубие. Спасовски беше презафатен со организирање на самит, додека крволочната банда убива и хара низ Скопје. Треба Спасовски да одговори едно прашање – Кога истрагата дознала за извршителите? И дали Спасовски и началниците во МВР криеле заради самитот на ОБСЕ?б Нема скандал кој не се случи во овој негов мандат. Се делеа пасоши на криминалци од балканското и европско подземје, се случуваа сомнителни набавки на софтвери и милионски тендери, скандали со прислушукување и нелегално следење на комуникации и злоупотреба на службите за следење, криминалци неказнети кои избркале полицајци од полициска станица во Арачиново, МВР на Спасовски даваше и половина милион евра на транспортната фирма што набавуваше 2 машини за перење од 25.500 во општина чиј градоначалник беше од неговата партија и редица други скандали, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски