(ВИДЕО) СДСМ: Како чесната Јанкулоска за пет години заработила 200.000 евра?

Од:

Министерската Гордана Јанкулоска, откако седнала во министерската фотелја во МВР, само во станови, го зголемила својот имот за неверојатни 200 илјади евра, обелодени денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петар Шилегов, информирајќи дека ова е првиот во низата скандали за експресни богатења на луѓе од власта, за коишто СДСМ ќе ја информира јавноста.

– Поставуваме просто прашање до министерката за внатрешни работи и до премиерот Груевски. Дали со чесна македонска плата, нека е и министерска, за 5 години се доаѓа до заработка од 200 илјади евра? Во 2006 година Јанкулоска пријавила дека поседува само стан од 76 метри квадратни, со вредност од 50 илјади евра. По 5 години, во 2011 година, министерката се проширила во нов стан, од 114 метри квадратни, вреден 120 илјади евра. Интересно, истата година, со стан од 95 метри квадратни, вреден 100 илјади евра се стекнува и нејзиниот брачен партнер – истакна Шилегов, додавајќи дека податоците се основаат од анкетните листови на министерската за внатрешни работи.

– Едноставно е прашањето, како и успеа ова на чесната министерка Гордана Јанкулоска, дури за четири пати да го зголеми својот имот, од две плати во државната администрација, заедно, не поголеми од 1700 евра?! Обична пресметка покажува дека, дури и кога министерката и нејзиниот сопруг не би трошеле ни денар од своите плати, да не јаделе, да не купиле ништо, не би можеле за толку кусо време да заработат ни половина од оваа сума – 200 илјади евра зголемен капитал – истакна Шилегов.

Тој истакна дека партијата инсистира на одговори од премиерот Никола Груевски, како и до Јанкуловска, како е возможна математиката – од државна плата, за 5 години, да зголемите станбен фонд за 200 илјади евра!

– Вака ли се борите со криминал? Мистериозно ви растат станбените квадрати, а пријавувате само државна плата – прашува портпаролот на социјалдемократите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

(ВИДЕО) Зекири: СДСМ бара оставка од Таравари по скандалот на Кардиохирургија, ова е хумана катастрофа!

Горан Наумовски

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат

„Корупцијата е прифатлива за голем дел од граѓаните, а борбата во таква ситуација е потешка“