Јагленосано тело на жена е пронајдено по гаснење на пожар во Бијелина.
– Територијалната противпожарна единица од Бијелина пријавила во полициска станица дека има пожар во куќа. Во таа прилика е забележано јагленосано тело и одредени траги кои укажуваат на насилна смрт – изјавија од полицијата за порталот ИнфоБијелина.
На местото на злосторството е и дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство во Бијелина, кој е задолжен за истрагата.
Локалните медиуми известуваат дека синот ја убил мајката со секира, а потоа ја запалил куќата.
Осомничениот син е приведен од полицијата.