Портпаролот на УНИЦЕФ, кој престојува во болницата во Газа, објави дека се случил напад на 50 метри од болницата. Џејмс Елдер вели дека најголемата функционална болница на територијата е преполна, работи со капацитет од 200%.
Ceasefire over in #Gaza. Attacks v near this hospital. Bombing consistent. Has humanity given up on the children of Gaza?! 😔 pic.twitter.com/dsyvQeBEWx
— James Elder (@1james_elder) December 1, 2023
„Здравствениот систем овде е преоптоварен. Оваа болница едноставно не може да прими повеќе деца со воени повреди. Не можеме да видиме повеќе деца со изгореници, со шрапнели, со скршени коски“, рече Елдер.
„Молкот на оние со влијание овозможува да се убиваат деца. Ова е војна против децата“, додаде тој.