ВМРО-ДПМНЕ: Општина Струмица склучувала договори со фирми на семејството на Заев

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица Зоран Заев за нов случај на непотизам, судир на интереси и криминалното работење во Општина Струмица.

– Зоран Заев, вчера тврдеше дека од позиција на градоначалник на Општина Струмица никогаш не склучувал никакви договори за јавни набавки помеѓу општината и нејзините институции и фирмите во сопственост на неговото потесно семејство. Не е така. Општина Струмица има склучувано договори со фирми кои се сопственост на потесното семејство на Зоран Заев, рече на денешната прес-комференција Никола Тодоров член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој презентираше документи, според кои Општина Струмица во 2011 година склучила договор со фирмата на неговиот роден брат Вице Заев, Сара Јавор Инженеринг ДОО, за јавна набавка на 28.02.2011 во вредност од 348.808 денари за тампонирање на паркинг простор пред Градската капела во Струмица.

– Ова е уште еден школски пример за грубо кршење и непочитување на законите од страна на Зоран Заев и Општина Струмица. Како да не Ви беа доволни околу 30 милиони денари народни пари префрлени на приватната сметка на Вашиот татко, па сега и уште дополнителни 348.808 денари на сметка на фирмата на вашиот брат. Има ли ова крај?, праша Тодоров.

Тој како невешти и несмасни ги оцени оправдувањата на Заев дека договорите со фирмата на неговиот татко ги склучувала Општинската установа Детска Радост, а не тој лично и обид да ја избегне политичката и моралната одговорност, со што, вели, уште повеќе се заплеткува во неговата мрежа на невистини.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО