О’Брајан: Сериозна критика за секој кој го спречува функционирањето на ОБСЕ

Од:

Потребно е да упатиме сериозна критика за секој кој има намера да го блокира функционирањето на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, затоа што тоа би било директна закана кон нејзините основни вредности и заложби, но и кон животите на милиони луѓе кои се обидуваат да ги уживаат основните човекови права, потенцираше денеска помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Џејмс О’Брајан.

Тој во своето обраќање за време на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје посочи дека ОБСЕ го покажува патот на владите кои работат на промовирање на човековите права и основните човекови вредности.

-Нашето присуство тука не е само привилегија туку и наш избор, бидејќи сме свесни дека секој од нас работи на тоа да ги достигне аспирациите за остварување на основните човекови права, а токму за ова потребна ни е и помош од нашите партнери. Ја поддржуваме Организацијата не само заради нас. Тука сме да бидеме еден за друг, тука сме за најранливата популација во секое општество, рече О’Брајан.

Блокадата или непочитувањето на принципите на Организацијата, како што рече, е директна закана кон нејзините основни вредности за кои се заложува уште од 1975 година.

Тој останува на ставот со неговите колеги дека руската офанзива кон Украина е директна закана за слободата на цивилното население, за меѓународното право, како и принципите на оваа Организација.

-Русија продолжува да ги прекршува принципите на ОБСЕ. Се приклучувам кон гласот на моите колеги кои ја повикуваат Русија да ги сопре прекршувањата на основните принципи на Организацијата, но не сум сигурни дека се волни да го слушнат. Верувам дека ОБСЕ ќе напредува и дека Малта како претседавач ќе може да заврши одлична работа во 2024 година, додаде О’Брајан.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот