Ќерка на поранешен албански министер загина во Македонија

Од:

Ева Таво (24), ќерката на поранешниот министер за здравство на Албанија, Вангело Таво, загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера во Македонија.

Ева загинала кога возилото во кое била сопатничка излетало од патот. Трагичната врска ја потврди Таво на социјалните мрежи.

„Ова се најтешките зборови што ги напишав во животот. Мојата најстара ќерка Ева почина во цутот на младоста, во најубавите години, токму таква каква што беше“, напиша поранешниот министер.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи на Македонија, несреќата се случила во близина на селото Ласкарци, на патот Тетово-Скопје.

„На 28 ноември околу 14 часот било пријавено дека на автопатот Мајка Тереза, на делот Тетово-Скопје, возило „ауди“ со албански регистарски ознаки, управувано од државјанин на Албанија, В.М.(40), излетало од пат. Во возилото била Е.Т.(24), државјанка на Албанија, која од здобиените повреди починала на лице место. Лекарите констатирале смрт. Со тешки телесни повреди се здобила В.М.“, се вели во полициското соопштение.

Засега не е утврдено како и зошто возилото се превртело.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Скопје – Блаце, повредени се шестмина косовски државјани

Пијан „возач“ без возачка дозвола излета од пат кај Кочани, едно лице е тешко повредено

Горан Наумовски

Трагедија во Германија: Возеше автомобил во погрешна лента, загинаа две лица

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Обровац: Двајца мртви, уште двајца итно префрлени во болница

Несреќа во Скопје: Мотоциклист заврши со тешки повреди на „Партизанска“

Сите патници во комбето што излета од патот Котор-Никшиќ се српски државјани: Загина 21-годишна девојка