Научен собир во МАНУ за историјата и археологијата на Балканот

Од:

Македонската академија на науките и уметностите во соработка со Националната институција Стоби утре и задутре организира научен симпозиум на тема „Романизирање на ориентални богови? Религиски трансформации во балканските провинции во римскиот период. Нови наоди и перспективи“.

На симпозиумот ќе се дискутира за историјата и археологијата на Балканот врз основа на материјалните докази базирани на религиските транформации во Римската Империја, но и претходно.

Еден од поводите за организирање ваков симпозиум во Македонија е откритието на храмот на египетската божица Изида во археолошкиот локалитет Стоби.

Важен аспект на овој научен собир ќе биде и прашањето за присуството на еврејската религија во римско време во Македонија што е потврдено со животот на еврејската заедница во античко Стоби.

На симпозиумот ќе учествуваат над 20 истражувачи од Холандија, Франција, Белгија, Хрватска Србија, Грција, Бугарија и Македонија.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи