Од недела, 26 ноември 2023 година, од 21 часот на Канал 5 ТВ, започна емитувањето на нова забавна емисија под името „СЕДМО НЕБО“, којашто ќе внесе забава, радост и дополнително чувство на среќа и задоволство.
Целта на Државна лотарија со оваа емисија е да се дополнат можностите за создавање забавни и среќни мигови со теми поврзани со среќата воопшто, но и популаризација на среќните приказни креирани преку игрите на среќа на Државна лотарија. Водителка на емисиите е Марјана Станојковска со којашто Државна лотарија соработува од 2010-та година уште од моментот кога ѝ ја довери водителската улога во ТВ извлекувања на игрите на среќа Лото и Џокер, а подоцна и во емисиите на бинго игрите и бројните јавни настани, што вклучува над 2000 јавни појавувања под логото на Државна лотарија.
Во емисијата, за којашто специјално е изработена една извонредна сценографија и оригинална музичка нумера за шпица, ќе се танцува и ќе се пее, ќе гостуваат познати лица од нашата естрада и од земјите од регионот, ќе имаме можност да се дружиме и со дел од добитниците на премии и ќе слушнеме рецепти за среќа, но и ќе вклучуваме и други интересни сегменти и изненадувања коишто едно по едно ќе ги откриваме и најавуваме.
Во првата емисија, оваа неделна вечер, ни гостуваа нашите три мегаѕвезди коишто ќе настапат и на првиот концерт комплетно овозможен од Државна лотарија − концертот МЕГАСТАРС, најавен за 30 ноември во СЦ „Јане Сандански“, каде што покрај извлекување на наградите од наградната игра „Биди ин, регистрирај се на МЕГАВИН“ и означување на официјалниот старт на платформата за игра, подготвивме уште бројни изненадувања во чест на одбележување 15-годишнина од основањето на Државна лотарија – со што компанијата којашто во моментов ниже најголеми резултати во работењето, докажува дека во континуитет работи на подготовка и пласман на добри вести за играчите на игри на среќа, но и за пошироката јавност, со цел среќата да ја донесе насекаде.
ПР Текст