Хорор во Франција: Си ги убил трите ќерки и се пријавил во полиција

Од:

Три девојчиња се пронајдени мртви во нивниот стан во парискиот регион Алфорвил, врз основа на пријавата на нивниот татко кој сам влегол во полициската станица и го признал убиството.

Девојчињата на возраст од 5, 10 и 11 години се пронајдени попладнево, додека првичните резултати од истрагата покажуваат дека најмалку две починале од убодни рани.

Полицајците веднаш биле испратени на местото на настанот, но успеале само да ја констатираат смртта на трите деца дури откако насилно ја отвориле вратата од заклучената куќа.

Околностите на трагедијата се уште не се познати, додека мажот кој се претставил како нивен татко е роден во Мароко, на 41 година, а на полицијата и судските служби веќе им познат за насилство во семејството.

Бил осуден во 2021 година и имал забрана да му се приближува на семејството.

Полицијата трага по мајката на девојчињата за која стравува дека исто така би можела да е жртва на насилство.

Би можело да ве интересира

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот

(ВИДЕО) Се урна авион во Франција, пилотот не успеа да се катапултира

Горан Наумовски

Пилотот и најмалку еден патник исчезнаа по падот на два авиони во Франција

Горан Наумовски