Израел доби список на заложници кои треба да бидат ослободени денеска, изјави неименуван израелски функционер.
Во меѓувреме, кабинетот на премиерот Нетанјаху објави дека Израел ги информирал нивните семејства за списокот што Катар го доставил со имињата на лицата кои треба да бидат ослободени, пишува „Тајмс оф Израел“.
Денеска е трет ден од четиридневниот прекин на огнот, за кој Катар претходно изрази надеж дека ќе биде продолжен со ослободување на дополнителните заложници кои ги држеше Хамас.