Снег во Србија, блокирани камиони на Златибор

Од:

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија предупреди дека денеска на планините ќе врне снег, а со пад на температурата врнежите од дожд ќе преминат во влажен снег и во пониските места.

Најинтензивни врнежи од снег ќе бидат на југозападниот, југот и истокот на Србија, каде во пониските и ридските предели се очекува релативно брзо формирање на снежна покривка од 5 до 20 сантиметри, а локално над 30 сантиметри на планините.

Во југозападна, источна и југоисточна Србија е на сила портокаловиот метео аларм, кој укажува на опасно време.

Поради обилниот снег кој падна во текот на ноќта на територијата на Златибор, воведена е забрана за движење на товарниот сообраќај од Ужице до Нова Варош.

„Ангажиравме тешка механизација која го чистеше главниот пат до граничниот премин Гостун во текот на ноќта. Покрај тринаесет камиони, беше вклучен и еден грејдер кој се бореше со снежните наноси на Златибор“, изјави Ален Мушановиќ од секторот за одржување патиштата.

Тој додаде дека во соработка со сообраќајната полиција е воведена забрана за движење на товарни возила на патните правци ИБ 23, од Ужице до Нова Варош и преку превојот Кадињача, кој продолжува понатаму кон Бајина Башта.

Во Драгачевско, инаку, постои практика селаните со трактори чистат рурални и некатегоризирани патишта и на тој начин ја помагаат зимската служба.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

На Јахорина паднаа 30 сантиметри снег, се очекуваат нови врнежи

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

Ангелов тврди дека институциите нема да бидат изненадени од снегот

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Патот Кратово – Пробиштип непрооден за камиони поради наноси од снег

Катерина Ѓуровски