Претходнатa генерација на „Хонда Сивик Хеџбек“ со својот дизајн внесе освежување во сегментот на компактни автомобили, а новиот „Сивик“ помалку или повеќе успешно се надополни на истата приказна.
По лансирањето на седан верзијата, што има значително посмирен дизајн, „Хонда“ се впушти во метаморфоза на хечбекот во караван. Автомобилот е развиен во Европа и е наменет пред се за вкусот и потребите на европскиот купувач, а концептот што е претставен во март на авто-салонот во Женева не е значително изменет.
Како што тоа вообичанео се случува, истакнати се некои детали што имаа за цел концептот да го направат попривлечен, но ќе го поскапеа производството на серискиот автомобил. На пример, ЛЕД светлата се заменети со конвенционални фарови, додека дневните светла ја заддржаа ЛЕД технологијата, но во значително поскромна форма.
Тркалата се со помали димензии, додека задниот покривен спојлер е значително скратен. Место заден дифузер што го нагласуваше спортскиот темперамент на концептот, сега е тука класично обликуван браник.
Конструктивно и стилски заснован на „Хонда Сивик Хетчбек“, новиот „Туриер“ го заддржа истото меѓуосовинско растојание од 2,59 метри, но препустот зад задната осовина нарасна за 235 милиметри.
Карaванот е долг 4,52 метри, додека ширината и висината останаа непроменети (1,77 метри и 1,44 метри).
Во „Хонда“ посебно го истакнуваат податокот дека запремнината на багажникот е нарасната на 624 литри, односно на 1.668 листри со преклопени задни седишта, со што е надмината големината на просторот за багаж што ја нуди новиот „Голф Вариант“ (605 л/1.620 л). Во однос на „Сивик Хечбек“, на багажникот многу полесно му се приоѓа бидејќи долниот раб се отвора пониско за 137 милиметри.
Во внатрешниоста, „Сивик Туриер“ ќе има „Меџик Ситс систем“ што овозможува поголем распон на позицијата во текот на подесувањето на седиштата.
Дизајнот на ентериерот, конфигурацијата на инструментите и другите команди се преземени од „Сивик Хечбек“.
„Хонда“ разви и нов „Адаптивен Дампер Систем“ (АДС) со што се унапредени стабилноста и комфорот на автомобилот при различни оптоварувања на возилото и услови на возење.
„Сивик Туриер“ ќе се произведува во фабриката на „ Хонда“ во Велика Британија, а на почетокот во понудата ќе биде верзијата со 1.8-литарски i-VTEC бензинец и 1.6-литарски o-DTEC турбо-дизел мотор сo 120 кс.
Покрај мануелен, ќе биде достапна и верзија со автоматски менувач.
По промоцијата во Франкфурт, „Хонда Сивик Туриер“ ќе се појави во продажните салони ширум Европа на почетокот на 2014 година.
Јапонскиот производител вели дека со овој модел сакал да ги разбие предрасудите за караваните како досадни автомобили.