Германскиот производител на луксузни автомобили „Ауди“, кој работи во рамки на „Фолксваген групата“, соопшти дека од 2015 година ќе почне со производство на автомобили во Бразил.
Оваа компанија ќе инвестира околу 150 милиони евра во подготовката за производство на „ауди Q3“ и „А3 сезан“ во фабриката во градот Сао Жозе душ Пинјаис, во бразилската држава Парана.
– Со помош на производството во Bразил, ќе создадеме основа за дополнителен раст во тој регион -изјави извршниот директор на „Ауди“, Роберт Штадлер, и додаде дека компанијата планира да ја удвои дистрибутивната мрежа во таа земја до крајот на оваа деценија.