Муцунски: Комплетна реконструкција на „Патрик“ – местото каде растеа голем број генерации од Аеродром, сега добива нов и модерен изглед

Од:

Комплетна реконструкција на „Патрик“ – местото каде растеа голем број генерации од Аеродром, сега добива нов и модерен изглед

Активностите за подобрување и модернизирање на спортската инфраструктура продолжуваат и во текот на оваа есен. Општина Аеродром започна со реконструкција на познатото игралиште „Патрик“, лоцирано зад трговскиот центар „Три Бисери“. Станува збор за комплетна реконструкција на вкупна површина од 1600 квадратни метри која треба да заврши во текот на декември, а се наоѓа на локацијата каде пораснале голем број генерации и која значи многу за луѓето кои живеат во Аеродром.

По завршување на активностите, Аеродром ќе добие целосно ново повеќенаменско игралиште за фудбал и ракомет на површина од 800 квадратни метри, кошаркарско игралиште на површина од 400 квадратни метри и инклузивно детско катче на површина од 400 квадратни метри.

Градоначалникот Муцунски говорејќи за реконструкцијата на спортското игралиште, на својата Фејсбук страна потенцираше дека Аеродром е убава општина и граѓаните го препознаваат тоа.

„Преку континуираните инвестиции ја потврдуваме нашата решеност да создадеме подобри услови за спорт и рекреација, места за нови спортски успеси и таленти“, истакна тој во својата објава.

Би можело да ве интересира

Муцунски и Сиљановска-Давкова во Дубаи се сретнаа со Македонци што живеат и работат во ОАЕ

А1он

(ФОТО) Левица: Учениците во училници без парно, градоначалникот Митевски си тера фотосесии

А1он

Муцунски во Истанбул на средба со Ердоган

А1он

Муцунски најавува изненадување во следните шест месеци во визната политика на САД кон земјава

Катерина Ѓуровски

Сите забелешки за акцискиот план за малцинствата, кои не се тенденциозни и се објективно применливи, ќе бидат прифатени, вели Муцунски

Муцунски за инцидентот пред Бугарската амбасада: Се работи за изолиран случај

Катерина Ѓуровски