Институт за демократија: Законот за висока раководна служба да се донесе пред парламентарните избори

Од:

Донесувањето на Законот за висока раководна служба ќе донесе стандарди за професионализација на високата раководна служба и претставува чекор напред кон решавање на долгогодишен проблем со назначувањето на директори и раководители во Република Северна Македонија велат од Институтот за демократија.

– Подготовката и донесувањето на Законот се провлекува веќе неколку години наназад, а одговорноста за ова се префрла низ различни институции. Одложувањето на спроведувањето на законот доведува до продолжување на практиката на нетранспарентни и неквалитетни именувања на директори и раководители. Со цел да се сопре оваа пракса, неопходно е итно донесување на Законот за висока раководна служба и негова примена. Недоречената правна рамка во моментов дозволува злоупотреба и распределба на позиции во нетранспарентни постапки, базирани на партиска припадност и коалициски договори. Ова резултира со неефикасност на институциите и го нарушува навременото и квалитетно испорачување на услуги до граѓаните. Меѓународната заедница низ годините ја посочува потребата од департизација и вложување во капацитетите на јавната администрација. Законот треба да обезбеди најсоодветни кадри кои ќе раководат со институциите и да превенира партиски пазарења. Затоа сега е вистинско време да се вложат напори и да се донесе Законот за висока раководна служба, пред распуштање на Собранието за претстојните парламентарни избори. Со Законот ќе се разграничуваат политичките од менаџерските позиции во институциите, ќе се воспостави механизам за селекција на раководители заснован на заслуги и ќе обезбедува поголема ефикасност на работата на институциите, се вели во соопштението од Институтот за демократија.

Би можело да ве интересира

Институт за демократија: Во Собранието нема дебата

Катерина Ѓуровски

Истражување: Само шест проценти од директорите во јавните претпријатија се жени

А1он

Институт за демократија: Пратениците можат значително да придонесат за политичката состојба

Наум Локоски