Синоќа на улиците во Даблин избувнаа нереди поради напад со нож пред основно училиште во кој беа повредени пет лица, меѓу кои три деца. Петгодишно девојче и жена на возраст од 30 години се во болница со тешки повреди, додека петгодишно момче, шестгодишно девојче и маж на 50-годишна возраст се згрижени во болница со полесни повреди.
🔥🚨BREAKING NEWS: Immigrants are looting shops in Dublin Ireland. pic.twitter.com/Id69Ufgw77
— Dom Lucre | Breaker of Narratives (@dom_lucre) November 24, 2023
Полицијата соопшти дека зад насилните протести стои „хулиганска лудачка фракција водена од екстремно десничарската идеологија“. Демонстрантите фрлаа факели и шишиња кон полицијата, палеа возила и ограбуваа продавници. Силни експлозии одекнаа низ градот. На прашањето зошто се таму, толпата им се закануваше на новинарите и тврдеше дека медиумите не ја кажуваат вистината за имигрантите.
JUST IN: Another hotel on fire in Dublin, Ireland… Citizens set fire to the Holiday Inn that is used to house immigrants following the violent stabbing of three children..pic.twitter.com/51Y7Gj4dXC
— Chuck Callesto (@ChuckCallesto) November 24, 2023
Полицајците со штитови на крајот успеале да ја контролираат толпата која била разбеснета од нападот со нож. Дописникот на Sky News Ирска, Стивен Марфи видел луѓе како ограбуваат продавница на Foot Locker во градот за време на хаосот. Видел и луѓе како со метални шипки го кршат предниот дел на продавницата „Асикс“. Единицата за јавен ред и мир на гардата беше распоредена на улиците за да ја стави ситуацијата под контрола.