Изгоре стан во Струмица

Од:

Попладнево околу 17 часот изгоре стан во зграда во центарот на Струмица, на улицата „Васил Сурчев“, но за среќа пожарот не зафатил други станови.

Како што информираа од ТППЕ Струмица, во гаснењето на пожарот учествувале две противпожарни возила и шест пожарникари.

– Пожарот беше во разгорена фаза при што е спречено негово натамошно ширење кон другите простории и останатите станови, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, кој додаде дека во текот на ноќта пожарникарите ќе останат на местото на пожарот за да вршат контрола на материјалот кој догорува.

Тој информираше дека истовремено со интервенцијата на гасењето на пожарот во станот, имале уште една попладнево во селото Василево, каде гаселе запалена покривна конструкција.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија