Се испитува колку се загадени воздухот и почвата – Изгореа 14 тони хемикалии во Фалише

Од:

Пожарот кој вчера ја зафати фабриката за бои и лакови и друг вид хемикалии сместена во тетовското село Фалише, се уште е активен. Во текот на ноќта имало експлозии од боци и бојлери кои дополнително го разгорувале пожарот. Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарот е со значително намален обем, но додаваат дека се уште има пламен и чад, а пожарникарите продолжуваат со гаснење. Според ЦУК, тетовските пожарникари го гаснеле пожарот непрекинато во текот на целата ноќ  и се очекува целосно да биде изгаснат во наредните неколку часа.

Во околината околу опожарениот објект се уште се надвиснуваат облаци од чад. Се чувствува големо аерозагадување. Првичните проценки од овој пожар укажуваат на сериозна опасност од загадување, бидејќи се претпоставува дека во него изгореле над 14 тони хемикалии. Центарот за управување со кризи и утринава со апел до граѓаните да не излегуваат без потреба на отворено поради можно штетно влијание врз здравјето на луѓето од согорувањето на големи количини хемикалии во пожарот што изби во фабриката во тетовски Фалише.

„ Во разговор со сопственикот на магацинот добивме имформација дека се опожарени 14 тони бои, лакови и други хемиски препарати, а не 100 како што не известија вчера. Поголем дел од магацинот бил железарија, а мал дел за бои, лакови и деуги хемиски препарати. Од вчера до денес врне слаб дожд, а во текот на ноќта дувал и слаб северен ветер кои помогнале ПМ честиците во воздухот да дојдат во нормални граници поради што нема потреба од мерки за заштита од дополнително загадување. Во текот на денот ќе бидат земени примероци од почвата и водата заради дополнително испитување“, информираше Ангелов.

Денеска на терен ќе ја испитуваат и состојбата со загадувањето на почвата. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, вчера изјави дека ќе побара специјални армиски единици да испитаат дали имаа штетни токсини во воздухот, а ќе се анализира и составот на почвата и водата околу опожарениот објект.

Препораки до граѓаните кои живеат во непосредна близина да не излегуваат од дома вчера упатија и од Центарот за јавно здравје.

„ Во однос на ова што се случи вчера, евидентно е дека ќе има загадување на воздухот, кое, за жал, не можеме да го измериме. И уште вчера дадовме препорака граѓаните да не излегуваат без потреба, вратите и прозорите на домовите да бидат затворени. Препораката до граѓаните е да внимаваат овие неколку дена“, апелира Министерка за животна средина, Каја Шукова.

Таа истакна дека доколку во тој крај има земјоделски култури, тие не треба да бидат во употреба.

Како што рече, евидентно е дека ќе има загадување на воздухот, кое за жал, не може да се измери бидејќи е од органски испарливи материи.

„Тоа е склад со бои и лакови и тоа се органски материи. Автоматскиот мониторинг на државата мери неоргански испарливи материи. Во случајот во државата нема акредитирана метода со која се мери испарување органски загадувачи. Ги консултиравме сите лаборатории, но не може да излезат на терен бидејќи немаат акредитирана метода, но излегоа на терен Центарот за управување со кризи, Институтот за јавно здравје и Државниот инспекторат за животна средина. Општината да провери дали овој склад работел во согласност со предвидените мерки, особено противпожарни мерки и дали има елаборат за заштита на животната средина.“, истакна Шукова.

Пожарот избувна вчера во 10:30 часот, а во гаснењето беа вклучени и пожарникари од Куманово, Скопје, Гостивар и Велес.

Би можело да ве интересира

Изгореа покрив и кат од семејна куќа во Струмица

А1он

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Старец изгоре во пожар во селото Стримница

Катерина Ѓуровски

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Пронајдени се две тела во запалена куќа во скопското село Морани

Горан Наумовски

Активен е пожарот на планината Беласица меѓу селата Смоларе и Мокрино