Повеќето од Палестинците затворени во Израел, а кои се наведени за размена на заложници со Хамас се момчиња-тинејџери на возраст меѓу 16 и 18 години и неколку на возраст од 14 години, кои се сметаат за деца според дефиницијата на Обединетите нации, пренесува Си-Ен-Ен.
Израел објави список со имињата на 300 затвореници и наводните злосторства за кои се обвинети. Меѓу нив има 33 жени.
Фрлањето камења и загрозувањето на државната безбедност се најчестите прекршоци, додека останатите обвиненија вклучуваат давање поддршка на нелегални терористички организации, нелегално поседување оружје и два обиди за убиства.