„Јунајтед Ерлајнс“ по грешка продала билети за нула долари

Од:

Една од најголемите американски авиокомпании, „Јунајтед Ерлајнс“, соопшти дека ќе ги прифати билетите што ги продала за нула долари заради компјутерска грешка, пренесува британскиот Би-Би-Си.

Оваа авиокомпанија наведе дека не е сигурна колку такви билети издала и привремено го затвори својот сајт и го откажа примањето на телефонски нарачки за билети, бидејќи открила грешка во софтверот.

Билетите се издадени во четвртокот преку онлајн сервисот за резервации на билети.

Патниците кои на тој начин дошле до билети сепак ќе мораат да платат американска безбедносна такса што изнесува меѓу пет и десет долари.

Ја увидовме грешката што се случи и заради специфичните околности ги прифаќаме овие билети, напиша авиокомпанијата на Твитер.

Некои од американските патници кои во четвртокот купиле билети од „Јунајтед Ерлајнс“, на тој начин ќе можат за нула долари да стигнат дури до Хаваи.

Еден од патниците кој имал намера од Чикаго да отпатува за Лос Анџелес изјави дека очекувал билетот да чини 800 долари, но се изненадил кога на сајтот на „Јунајтед Ерлајнс“ видел дека билетот за едно лице до овој град во Калифорнија го чини само 10 долари.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ