Мексиканската армија и локалните авиокомпании евакуираа повеќе од 2.000 туристи од летувалиштето Акапулко, кое е поплавено од налетот на тропската бура Мануел, а го очекува и ударот на ураганот Ингрид.
Уште околу 40.000 туристи, како и многу повеќе локални жители, сè уште се блокирани од лизгања на земјишта и поплави, кои веќе однесоа 47 човечки животи.
Веднаш по тропската бура Мануел се очекува и удар на ураганот Ингрид, кој веќе предизвика голема штета во источниот дел на Мексико. Ова е прв пат по 1958 година тропска бура и ураган да удрат еден по друг во период од 24 часа.