ВИДЕО: Предвреме родените бебиња од Ал-Шифа префрлени на југот на Газа, ќе одат во Египет

Од:

Вкупно 31 предвремено родено бебе беа безбедно префрлени од главната болница во Газа во друга на југот во текот на викендот и денеска ќе бидат префрлени во Египет, соопштија здравствените власти.

Оваа информација доаѓа откако голем број други тешко ранети пациенти остануваат блокирани во болницата Ал Шифа, неколку дена откако израелските сили влегоа во болницата.

Судбината на новороденчињата го привлече светското внимание откако снимки покажаа како лекарите се обидуваат да ги загреат и ставаат неколку од нив во еден кревет. Прекинот на струја ја прекина работата на инкубаторите и другата опрема, а болниците се борат и со недостиг од храна, вода и медицински материјали.

Шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека „многу болните“ бебиња биле евакуирани, заедно со шест здравствени работници и 10 членови на персоналот. Тој рече дека тие биле пренесени во болница во градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што добиле итна помош. Официјален претставник на ОН рече дека бебињата се изложени на ризик од сериозни инфекции, а 11 се во критична состојба.

Тимот на СЗО, кој ја посети болницата во саботата, рече дека 291 пациент è уште се таму, вклучувајќи бебиња, пациенти со повреди со сериозно инфицирани рани и други со повреди на ‘рбетот кои не можеле да се движат.

Израел долго време тврди дека Хамас го користи објектот за воени цели, што милитантната група го негираше.

Би можело да ве интересира

Нови напади во Газа: 15 мртви, меѓу кои и синовите на поранешниот портпарол на Хамас

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах