(ВИДЕО) Морски лав распарки ајкула: Неверојатна снимка од судир на предаторите, посетителите на плажата згрозени

Од:

Камерата го сними моментот кога морскиот лав искина на парчиња ајкула пред зашеметените посетители на плажата.

На видеото се гледа како морскиот лав ненадејно фаќа сина ајкула за врат веднаш до брегот во заливот Монтереј, Калифорнија, а потоа со сета сила ја исфрла од водата.

Неверојатен момент го сними Лори Хеспе која дошла да ги гледа китовите во водите на заливот.

-Вакво нешто не сум видел во животот. Бев апсолутно шокирана и изненадена. Нападот траеше вкупно околу три минути пред да дојде до својот брутален крај – изјави Хеспе за локалните медиуми.

Морските лавови се опортунистички предатори што значи дека одат на лесни оброци. Тие може да вклучуваат лигњи, харинга, но дури и помали ајкули.

Морскиот лав на Стелер или северниот морски лав може да порасне три и пол метри, а нивната тежина може да достигне 1.200 килограми пред сезоната на парење. Мажјаците обично се многу поголеми од женките и имаат подигнато чело наречено сагитален гребен што создава висока круна.

Повеќето возрасни сини ајкули се долги околу два метри и тежат речиси 200 килограми, па морскиот лав во шокантното видео имал огромна предност во силата.

За време на сезоната на парење, морските лавови можат да бидат агресивни кон луѓето. Два морски лава бркале посетители на плажата во познатиот залив Ла Јола во Сан Диего кои се обидувале да ги фотографираат.

Би можело да ве интересира

Во стомакот на ајкула пронајдени останки на Американката која нуркаше во Индонезија

Предраг Петровиќ

Тинејџер бил каснат од ајкула додека вежбал за време на тренинг камп за спасители на Флорида

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Девојка во борба со ајкула, ја зграпчи, па доби удар во глава

Голема ајкула тешка 200 килограми е уловена во Будва

Горан Наумовски

Една од најопасните ајкули во светот е уловена во близина на Неум

ВИДЕО: Патник фрли камера во морето, глетката ги запрепасти луѓето

Предраг Петровиќ