Каратистката на дебарскиот карате клуб “Дибра”,Сара Дука која е дел од карате репрезентацијата на Република Северна Македонија освои бронзен медал на Балканскиот шампионат што се одржува во Љубљана, Словенија.
Сара Дука настапи во категоријата јуниорки до 48 килограми.
– Извојува победи и тоа во првото коло против претставничката на Турција, во второто против претставничката на Грција, во третото коло загуби од претставничката на Турција и во четвртото коло победи откако претставничката на Србија беше дисквалификувани поради пет направени грешки, изјави за МИА, Дурим Пачуку, тренер на КК “Дибра” и еден од тренерите на нашата репрезентација.
На 23.Балканско првенство кое се одржува во салата Тиволи во Љубљана, дел од репрезентацијата на Северна Македонија се и дебарските каратистки Ера Коџа во категоријата U21- 68 и Влера Села, кадети до 54 килограми.
Според Пачуку, во недела Сара Дука и Ера Коџа ќе настапат во екипна конкуренција.