ВИДЕО: Израелската војска објави снимка, тврди дека имало оружје во болницата Ал-Шифа

Од:

Војската на Израел тврди дека пронашла оружје и борбена опрема на Хамас во болницата Ал Шифа во Појасот Газа за време на вчерашната претрес, додека Хамас вели дека ова е лага.

Израелската војска објави видео за кое вели дека покажува дел од оружјето и опремата собрани во зграда во голем болнички комплекс, вклучувајќи автоматско оружје, гранати, муниција и панцири.

Хамас, кој се бори против израелските сили во Газа, го отфрли како „лаги и евтина пропаганда“.

Војската ги фокусираше своите операции на болниците низ северниот дел на Појасот Газа, откако долго го обвинуваше Хамас дека поставил големи командни и контролни центри под медицинските установи, во обид да избегне воздушни напади.

Израелската војска вчера објави дека пронашла „оперативен центар“ на Хамас во болницата и објави фотографии од оружјето за кое тврдеше дека му припаѓа на Хамас.

Она што беше пронајдено „во болницата Ал Шифа, исто како и во Рантиса (болница), докажува дека болниците се користат за воени цели, за терор, директно кршење на меѓународното право“, изјави портпаролот на израелската војска Даниел Хагари.

Кадер, новинар од Ал Шифа, за Би-Би-Си по рацијата во болницата изјави дека израелските војници ја презеле целосната контрола и дека немало пукање во болницата.

Тој рече дека шест тенкови и околу 100 командоси влегле во комплексот во текот на ноќта. Израелските сили потоа одеа од соба во соба, испрашувајќи го персоналот и пациентите.

Наводно, ИДФ им кажала на сите мажи на возраст меѓу 16 и 40 години да ги напуштат болничките згради, освен одделенијата за хирургија и итни случаи, и да одат во дворот на болницата. Војниците пукаа во воздух за да ги принудат оние што останаа внатре, рече Кадер.

Али Мухамед Закут, директорот на болниците во Газа управувани од Хамас, изјави за Ал Џезира дека немало истрели бидејќи немало борци во болницата.

Израелската војска вели дека „продолжува да работи во болничкиот комплекс“ и објавува фотографии и видеа од оружјето за кое тврди дека му припаѓа на Хамас.

Судејќи според снимките што Израел ги објави досега, контроверзната операција не откри дека болницата содржела поголем арсенал оружје.

Радиото на израелската армија објави дека допрва треба да најде знаци за тоа каде се наоѓа некој од 240-те заложници кои Хамас ги зеде за време на нападот врз Израел на 7 октомври.

Рацијата на Ал Шифа дојде набргу откако САД јавно ги поддржа израелските тврдења дека Хамас има инфраструктура под болницата. Се чини дека израелската армија не нашла влез кој води од болницата до тунелите за кои се верува дека се под комплексот. Претставниците на болницата и Хамас го негираат постоењето на тунели под болницата.

Хамас го обвини Израел за фабрикување докази, велејќи дека „се обидува да ги оправда своите геноцидни злосторства со уништување на здравствениот сектор во Газа“.

Говорејќи претходно за Си-Ен-Ен, воениот портпарол полковник Ричард Хехт рече дека израелските сили влегле во одредена област во болницата, додавајќи: „Немаше сеопфатен напад“.

Тој рече дека имало размена на оган пред израелските војници да влезат во болницата, но „нема акција“ откако тие влегле.

Операцијата на израелската армија во Ал Шифа, за која тврди дека е локација на стратешката база на Хамас, во средата предизвика загриженост и осуда од меѓународната заедница.

Израелските власти претходно изјавија дека е можно околу 240 заложници да се наоѓаат под болниците во Газа. Но, Хехт рече дека рацијата на Ал Шифа не била фокусирана на нив, туку на „доставување разузнавачки информации и оневозможување на она за што имавме разузнавачки информации“.

Би можело да ве интересира

Нови напади во Газа: 15 мртви, меѓу кои и синовите на поранешниот портпарол на Хамас

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах