Отсуството на натамошна поголема помош од САД ќе има штетен ефект врз одбранбените способности на Украина, изјави координаторот за стратегиски комуникации на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, коментирајќи го немањето одобрение од американскиот Конгрес за давање дополнителна помош, вклучително и воена помош за Киев.
Тој исто така додаде дека новите пакети американска помош за Украина се намалуваат поради прекинот на договорените средства за поддршка на Киев.
Кирби истакна дека финансирањето за Украина пресушува, поради што Америка мора да носи „тешки одлуки“.
Портпаролот изјави дека американските пакети со помош се намалуваат, бидејќи „се обидуваат паметно да ги искористат средствата што ги доставуваат за Украина“.