Ацт Македонија организира хуманитарна акција секој вторник пред Спомен куќата на Мајка Тереза со почеток од 18.30 чaсот.
Целта на оваа организација е собирање средства, обезбедувајќи им храна, облека, училишен прибор и слично за лица кои што немаат никакви примања и им е најпотребно за опстанок.
„Како дел од тимот на Ацт Македонија можете да ме контактирате мене како волонтер Билјана Јаневска или пак да се обратите на официјалната страна на Ацт Македонија да им помогнеме на оние граѓани на кои им е неопходно да добијат барем еден оброк во денот. Секој оној кој што сака може да се приклучи како волонтер и е повеќе од добредојден во Ацт Македонија“, велат организаторите.