(ВИДЕО) Јаневска: Министер за образование кој што не може да обезбеди средства за да испечати книга треба веднаш да си даде оставка

Од:

„Крахот на македонското образование започна од онаа несреќна концепција на министерката Мила Царовска, која беше претставувана како реформа во образованието“, истакна Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата „Важно е да имаме квалитетно образование“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Јаневска додаде дека таа концепција била претставувана како реформа, но во суштина има позадина. Позадината беше општата политичка состојба во која се најде во тој момент Македонија. Сосема јасно стана дека во таа интеграција на предмети треба да исчезне предметот историја бидејќи тој беше спорен во преговорите со Бугарија.

„Обидувајќи се некако да ја избрише историјата направи таа министерка катастрофална грешка затоа што интегрира предмети за кои Македонија нема кадар да ги предава. Јас ова сто пати сум го кажала, и ќе го повторам не можеме да планираме реформа ако немаме кадар да ја спроведе таа реформа“, нагласи Јаневска.

Таа потсети дека Мила Царовска првата година ги укина учебниците при што посочила дека секој родител што давал книга на свое дете му правел само штета. И најавила дигитални книги иако децата немаа ниту таблети, ниту компјутери.

„Зошто ги укинаа книгите? Затоа што беа свесни дека ниту ќе можат да се креираат книги според нивната концепција, ниту имаа желба да направат нешто за да го подобрат образованието во Македонија. И затоа што немаа де факто пари бидејќи ги потрошија парите на се и сешто, и тоа го призна следниот министер за образование и наука, Јетон Шаќири. Тој јавно на телевизиска емисија во која учествува и јас, тој кажа дека нема пари за учебници“, појасни таа.

„Нормално е да немаат пари за учебници бидејќи ги потрошија на корумпирани зделки како што е „Бехтел и Енка“, на купување и изнајмување на возила итн. Министер за образование кој што не може да обезбеди средства за да испечати книга треба веднаш да си даде оставка“, нагласи Јаневска.

Таа рече дека понижувањето на професијата наставник беше кога власта ги примора наставниците да штрајкуваат за да можат да опстанат. Тоа не беше штрајк за луксуз, тоа беше штрајк за едно нормално живеење. И при тој штрајк власта ги измами, изманипулира наставниците бидејќи на дел од наставниците дури и не им исплатија плата.

„Наставниците наместо 18% добија само 15% покачување на плата, а 3% кои требаше да ги добијат се уште не ги добија. И уште една голема една лага, а тоа е дека ќе се потпише Колективен договор во месец мај оваа година, што не се случи за да тие да можат да примаат соодветна плата“, потсети Јаневска.

Јаневска укажа дека постојано оваа Влада кон наставниците се однесува како кон послушници и тоа особено беше видливо во нивната комуникација со директорите кои тие ги поставиле.

„Нашите градоначалници се соочуваат со толкав голем недостаток на средства во однос на образованието што во одредени месеци имаат само плата да исплатат, а камо ли нешто друго да вложат во образованието. Секако дека треба да се реновираат училиштата, секако дека треба да се доградуваат училишта. Самите инфраструктурни проекти кои што СДСМ ги вети пред изборите не ги спроведува денес. Ваквото однесување на власта е недозволиво, и поради вакво однесување страдаат учениците, наставниците, па и родителите“, рече Јаневска.

Таа нагласи дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што треба за да образованието во Македонија се подобри и стане поквалитетно.

Би можело да ве интересира

На неколку научни институти им се заканува затворање

Катерина Ѓуровски

Јаневска најави затворање на два института поради нерегуларности

Катерина Ѓуровски

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Јакимовски јавно и се извини на министерката за образование Јаневска затоа што вчера ја нарече „северџанка“

Горан Наумовски

Јаневска контра Јакимовски: „Тој е многу способен и ќе најде начин да ги затопли училиштата“

Катерина Ѓуровски

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем