Ковачевски: Буџетот за 2024 година ќе биде 5,5 милијарди евра, Владата ќе потроши 733 милиони за инвестиции

Од:

Буџетот за 2024 година е проектиран на 343,6 милијарди денари или 5,5 милијарди евра, а во 2024 година се очекува да забрза економскиот раст и да изнесува 3,4 отсто во услови на зголемување на инвестициите, раст на потрошувачката на солидно ниво и закрепнување на надворешната побарувачка, откри премиерот Димитар Ковачевски.

– Најголем придонес се очекува да имаат бруто инвестициите од државата. Двигател на растот ќе биде и поддршката на приватниот сектор. Закрепнувањето на трговскитее партнери Германија и ЕУ, позитивно ќе влијае врз растот. Стапката на инфлација се очекува да се стабилизира на 3,6% во услови на стабилно ниво на цени на енергенси и храна. Во 2024 година се очекува раст на бројот на вработени на 2%. Номиналниот раст на платите е проектиран на 8,4 отсто – истакна Ковачевски.

Расходната страна е за 5,8% повисока од 2023 година, додека приходите се проектирани на 310,1 милијарда денари или 5,040 милијарди евра.

– Ваквите планирани раходи и приходи резултираат со намален буџетски дефицит од 150 милиони евра и истиот е проектиран во апсолутен износ од 545 милиони евра или на ниво од 3,4 отсто од планираниот бруто домашен производ – додаде тој.

Во Предлог Буџетот Ковачевски рече дека се планирани сите покачувања на платите, а капиталните расходи се 733 милиони евра и според Ковачевски БУџетот ќе има развојна компонента.

Би можело да ве интересира

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

Се поскапо станува одењето по ресторани и кафеани

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он