Кривичен ја чита пресудата за Јанакиески по свое: Смета дека имало пропусти само во жалбената постапка, не за притворите

Од:

Скопскиот кривичен суд реагира дека во ниту еден дел, Европскиот суд за човекови права не ја оспорува основаноста на определените мерки притвор и куќен притвор за ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Според кривичен, судот во Стразбур констатирал дека притворот бил оправдан, но дека имало пропусти во лишувањето од слобода на обвинетиот, како и „брзината“ на жалбената постапка во повисок степен.

Сепак, во третата точка од наведените причини, е наведено: „Судот утврдува дека има повреда на член 5 став 3 од Конвенцијата поради недостаток на доволни причини за лишување од слобода на апликантот“

Понатаму, од судот се повикуваат само на 95-та точка од пресудата, во која се вели дека постоело разумно сомневање дека Јанакиески ги извршил прекршоците.

„Судот забележува дека за првичните наредби за притвор, обвинителот во првата постапка достави докази во форма на пораки испратени преку Вајбер и СМС, записи во прилог на барањето апликантот да биде притворен. Повторувајќи дека фактите што предизвикуваат разумно сомневање не мора да бидат на исто ниво со оние неопходни за да се оправда обвинението, па дури и покренување обвинение и истакнувајќи дека нема индикации дека оценката направена од домашните судови во овој поглед беше произволна или очигледно неразумна, Судот прифаќа дека во материјалното време постоело разумно сомневање дека апликантот ги извршил прекршоците“, стои во 95-та точка.

Но и покрај оваа точка, на крајот од пресудата е јасно наведено дека меѓу другото, имало недостаток на доволни причини Јанакиески да биде лишен од слобода, недоволно брзо се разгледувал куќниот притвор, но и она што го наведува кривичниот суд, дека жалбената постапка траела долго.

„Поради наведените причини, судот едногласно:
1. Одлучува да се приклучи на апликациите;
2. Ги прогласува жалбите според член 5 ставови 3 и 4 (во врска со недостатокот на „брзо“ разгледување на куќниот притвор на апликантот) за прифатливи, а остатокот од жалбите за недопуштени;
3. Утврдува дека има повреда на член 5 став 3 од Конвенцијата поради недостаток на доволно причини за лишување од слобода на апликантот;
4. Утврдува дека има повреда на член 5 став 4 од Конвенцијата поради недостаток на „брзо“ преиспитување на лишувањето од слобода на апликантот;
5. Смета дека нема потреба да се разгледуваат преостанатите жалби според член 5 од Конвенцијата;“, стои во пресудата.

Би можело да ве интересира

Кривичен: Осудени се 13 обвинети за трговија со малолетно дете и силување

Во Кривичен пресуда за велешката група за сексуална злоупотреба на дете

Катерина Ѓуровски

Исмет Гури спроведен во Кривичен, судењето за даночно затајување одложено

Врховниот суд го укина решението на Кривичен и го врати на повторно постапување предметот за екстрадицијата на Блерим Рамадани

Притвор за убиецот на скопјанецот кој беше застрелан кај Мавровка

Тошковски: Кривичен определил надзорот над куќниот притвор на Рамадани да го врши МВР, но не го определил начинот на извршување на надзорот