Мијалков се спаси од Титаник 2, другите обвинети добија условни казни

Од:

Апелацискиот суд Скопје денеска соопшти дека обвинението за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков го одбива, а врз основа на измените од Кривичниот законик. На останатите обвинети, поранешни членови на Изборната комисија, Мендух Тачи, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими и Влатко Сајкоски затворските казни им ги преиначи во условни.

– Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-43/23, во јавноста познат како „Титаник 2“, по одржана јавна седница на ден 15.09.2023 година, а по извршено советување и гласање на ден 29.09.2023 година, донесе пресуда со која делумно ги уважи жалбите на обвинетите М.Т. од Т., Б.И. од Т., В.С. од К., С.С. од С.и пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција. Истовремено, под став II од изреката, по повод жалбите на обвинетиот С.М. од С.,а по службена должност, пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот спрема обвинетиот С.М. од С. , носејќи одлука со која се одбива обвинението, согласно член 402 точка 6 од ЗКП. Вака донесената одлука е објавена во целост на веб страната на судот,a согласно Законот за управување со движењето на предметите во судовите, се вели во соопштението од Апелацискиот суд.

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Јанакиески 3,5 години во затвор, условна казна за Јанкуловска за „Титаник“ реши Апелација

Катерина Ѓуровски

Судењето за „Титаник 2“ одложено за 14 јули

Застаре уште едно дело на Мијалков

Ана Ололовска

Одложена седницата на Апелација за „Титаник 2“, на Мијалков му застарува делото

Катерина Ѓуровски

Апелација за в четврток закажа јавна седница за случајот „Титаник 2“

Ана Ололовска