ВИДЕО: Имало команден центар на Хамас во подрумот, Израел го правда бомбардирањето на болницата Ал-Шифа

Од:

Израел тврди дека открил оперативен центар на Хамас под болницата Ал Шифа во градот Газа и докази кои укажуваат на тоа дека заложниците киднапирани во нападите на 7 октомври биле држени таму. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека мотоцикл за кој се верува дека го користел Хамас за време на неговиот напад, исто така бил пронајден во болницата, како и тунел од болницата што го поврзува со куќа што ја користеле лидерите на Хамас.

Потполковникот Питер Лернер откри што открила ИДФ во интервју за Си-Ен-Ен. „Болницата дефинитивно се користеше за терористички активности. Ова е болницата што ја евакуиравме последните неколку дена. Цивилите и терористите избегаа од болницата, а заложниците беа земени со терористите од болницата“, рече тој.

„Во самата болница најдовме мотор, тунел што ја поврзува куќата на висок терорист со болницата, така што ова е безмилосна мрежа што го изложува народот во Газа на опасност. Ова го зборуваме во последните 38 дена“, додаде тој.

Тој истакна дека ленти за коса, пелени и шишиња за бебиња пронајдени под болницата укажуваат дека меѓу заложниците кои можеби биле држени таму има деца и бебиња.

Од друга страна, израелската војска објави видео од тоа како нејзни припадници доставуваат гориво и медицински средства во болницата, што според многумина ја демантира тезата дека под Ал-Шифа има команден центар на Хамас.

Исто така, норвешкиот лекар Мадс Гилберт кој 16 години работел во оваа болница тврди дека не е вистина дека има команден центар на Хамас под болницата. Вели ако беше така немаше воопшто да работам таму.

Ал-Шифа е најголемата болница во Газа, во неа уште има пациенти. Вечра и утрово се објавени снимки од тоа како поради недостатокот на струја, предвреме родените бебиња се извадени од инкубатори и медицинските лица ги виткаат во фолии и ги стваат на топло за да им ги спасат животите.

Би можело да ве интересира

Макрон: Треба да се запре продажбата на оружје што се користи во Газа

ВИДЕО: Објавена снимката од ликвидацијата на лидерот на Хезболах во Бејрут

Израел не се откажал од ракетирање на иранските нуклеарни постројки

Американците нападнаа

ВИДЕО: Израел е вампирски режим, а САД бесно куче во регионот рече врховниот лидер на Иран

(ВИДЕО) 18 мртви во израелски напад на Западниот брег: Ова е масакр

Катерина Ѓуровски