Лефков: Првпат во историјата на Македонија, осуден е пратеник, за став искажан од собраниската говорница

Од:

Првпат во историјата на плурализмот во Македонија, пратеник е осуден за став искажан од собраниската говорница, истакна Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Пресудата, како што вели, за навреда и клевета за став искажан од Собраниска говорница против неговиот колега Бране Петрушевски е противуставна, противзаконска, правно-уникатна дивоградба и преставува дефиниција за авторитарна, односно тоталитарна држава.

„Самата пресуда значи дека Македонија наместо демократија гради систем каде што владата односно партиите на власт ги контролираат сите лостови на власта, вклучувајќи го судството, па со помош на сите инструменти јавно покажува дека не толерира никакви опозициски или издвоени гледишта и користи страв и заплашување за да ја остварува својата власт над општеството.
Независноста на Собранието во вршење на законодавната власт е обезбедена преку имунитетот на пратеникот“, вели тој.

Појаснува дека согласно со Уставот, пратениците имаат два вида имунитет материјален или суштински имунитет и процедурален имунитет.

Материјалниот имунитет значи дека пратеникот не може да биде повикан на кривична или друга одговорност, или да биде притворен за искажано мислење или гласање на седниците на Собранието или на неговите работни тела.
Материјалниот имунитет ја гарантира слободата на говорот, на седниците на Собранието или на неговите работни тела. Овој вид имунитет не може да биде предмет на расправа за одземање.

Процедуралниот имунитет, според него, значи неможност пратеникот да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

Пресудата за навреда и клевета, како што вели, преставува сериозен преседан.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО