Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе изврши вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на новороденчето старо десетина дена.
Според информациите детето починало од сепса на Клиниката за детски болести во Скопје, каде една недела претходно во тешка состојба било донесено од прилепската болница. Од Клиниката за детски болести во Скопје велат дека бебето кај нив било донесено со неправилно дишење, било згрижено на единицата за интензивна терапија, првично со неинвазивна поддршка на респирацијата, а потоа поставено на механичка вентилација по што починало.
Според мајката на детето, која случајот го обелодени на Фејсбук, за смртта на нејзиното трето дете, виновни биле лекарите во прилепската болница. Мајката на детето вели дека никој од докторите немал одговор како здраво родено дете добило сепса.
Од болницата во Прилеп потврдија дека новороденчето се родило во добра здравствена сосотјба, воспоставено било доење но потоа поради податок за бактериска и вагинална инфекција кај мајката, земена е крв од новороденчето, која сепак била со уреден наод. Но состојбата се влошувала поради што бебето е транспортирано на Детската клиника во Скопје
Мајката на детето обвинува за негрижа, на сестрите и на докторите и додава дека според неа, бебето сепсата ја добило во прилепската болница.