Турските безбедносни сили фатија експерт за бомбашки напади на терористичката група Исламска држава во Истанбул, соопштија денеска безбедносни извори.
„Во заедничка операција, полицијата и тимовите на турската национална разузнавачка служба го фатија осомничениот, идентификуван само со иницијалите А.Ј.А., во населбата Султанбејли во градот“, изјави анонимен извор за Anadolu Agency.
Тој додаде дека осомничениот бил вклучен во обука на членовите на терористичката група за изработка на експлозиви, кои ги користеле во терористички напади во Сирија и Ирак.