Кенискиот атлетичар Едвин Кипту победи на денешниот маратон во Атина и постави нов рекорд на патеката, пренесува АП.
Кипту постигна резултат од два часа, 10 минути и 34 секунди.
Второто место го зазеде Кениецот Ронзаи Локитам Килимо, кој оствари резултат 2:12.36. Со истиот резултат на целта мина третопласираниот Фелисиен Мухитира од Руанда.