Британскиот принц Хари помина ноќ во голем ладилник, на температура од минус 35 Целзиусови степени, како дел од подготовките за експедицијата на Јужниот Пол.
Дваесет и деветгодишниот принц во ноември ќе биде капитен на британската екипа воени ветерани, кои ќе се натпреваруваат против експедиции од САД и од Комонвелтот во 15-дневна трка до Јужниот пол. Четворицата колеги од британскиот тим се ветерани од војната во Авганистан, на кои им се ампутирани екстремитети. Американскиот тим ќе го предводи шведскиот актер Александер Скарсгард, а во тимот на Комонвелтот ќе биде Англичанецот Доминик Вест, ѕвезда на серијата „Ваер“.
Принцот Хари во 2011 година веќе учествуваше во петдневна хуманитарна експедиција до Северниот пол. Но, сега подготовките се порадикални, зашто трката ќе трае три пати подолго, а натпреварувачите ќе бидат изложени на уште поголем студ и посилни ветрови.