Украинскиот претседател Володимир Зеленски е во војна со своите генерали. Оваа вест доби на значење во изминатите неколку недели, во кои се почесто се зборува дека под притисок на Западот се менува актуелниот претседател на Украина, а замената на Зеленски треба да дојде од редовите на армијата. Свесни дека началникот на украинската армија Валериј Залужни ужива поголема доверба во јавноста од претседателот, советниците на Володимир Зеленски ги негираа информациите дека има конфликт меѓу украинскиот лидер и врховниот командант на армијата.
Зеленски го прекори врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, кој во изјава за „Економист“ рече дека ситуацијата на фронтот е слична на онаа во Првата светска војна, што ги става двете завојувани страни во ќор-сокак во кој неговата земја нема да го постигне пробивот планиран со голема контраофанзива. Залужни истакна дека контраофанзивата е во ќорсокак и дека Украина треба да се подготви за стационарна војна.
Набрзо и „Њујорк тајмс“ почна да пишува за конфликт меѓу Зеленски и Генералштабот.
Зеленски, кој цело време инсистираше на тезата дека Украина ќе ја добие војната и ќе успее да ја натера руската армија да се повлече надвор од границите на неговата земја, беше демантиран од вестите од фронтот каде што контраофанзивата, делумно спонзорирана со пари и оружје од Запад, не ги донесе очекуваните резултати.
Напротив, контраофанзивата концентрирана во областа Запорожје и донесе големи загуби на украинската армија. Рестартираната битка за Бахмут како клучен стратешки и симболично важен град, исто така, не успеа и ја чинеше украинската армија многу животи и опрема. Антагонизмот меѓу политичкото и военото раководство на земјата дополнително се засили со фактот што Генералштабот се спротивстави на обидот да се врати контролата над Бахмут, знаејќи дека Русите прилично ги консолидирале своите позиции.
Во исто време, Зеленски инсистира на одбрана на Авдијевка, мал град познат по производството на кокс како еден од главните ресурси за високи печки во челичната индустрија. Така, Украинците, обидувајќи се да покријат што поголема територија со контраофанзива, почнаа да губат терен околу Авдијивка. На сè му претходеше маневар во кој 54-та механизирана бригада, како една од најдобрите воени единици на украинската армија, беше преместена во Купјанск, а одбраната на Авдијeвка беше препуштена на далеку помалку обучената и способна територијална одбранбена и пешадиска бригада.
Одбраната на Купјанск беше важна за Украина бидејќи градот е клучен железнички јазол важен за снабдување на силите околу Харков, вториот по големина град во земјата. Загубата на Купјанск речиси сигурно ќе означи почеток на голема битка за Харков.
Објаснувањето и споредбата на Залужни со ситуацијата во Првата светска војна кога завојуваните страни копаа ровови, утврдуваа позиции и потоа се пукаа со артилерија е само дел од она што навистина се случуваше. Другата страна на приказната е дека Германците ја изгубиле војната бидејќи не можеле да се издржат поради недостаток на опрема и храна. Со приклучувањето на САД кон сојузниците, рамнотежата беше целосно изгубена и исходот беше неизбежен.
Сигурно е дека Зеленски ја губи поддршката од воената команда, но останува прашањето дали тоа е доволно за политички промени во Украина. Сè уште многу зависи од борбите на фронтот.
За неколку недели Русите веќе би можеле да ја окупираат Авдијевка, а на украинската армија не и оди баш најдобро ниту во другите делови на фронтот, најмногу поради тоа што сè повеќе ѝ недостигаат војници.
Покрај врвот на армијата, Зеленски се соочува со уште поголема опасност од врвот на разузнавачките служби на Украина. Генералот Кирил Буданов, началникот на Главната управа за разузнавачки работи и Василиј Малиук, шеф на воената разузнавачка служба, ја претставуваат вистинската сива еминенција на Украина. Сојузот на разузнавачките служби и генералите може да доведе до притисок врз политичкиот врв на земјата за почеток на преговори со Русите, па дури и до смена на Зеленски. Во последниот случај, знаејќи дека и двете служби се наследници на КГБ, а двата народа имаат идентични карактеристики, што е особено изразено во политичката активност, Зеленски многу лесно може да исчезне од политичката сцена.
Во секој случај, јасно е дека ситуацијата во Украина не се развива добро, ниту на фронт, ниту на меѓународен план. Армијата на теренот многу добро го знае тоа, генералите го знаат тоа, службите го знаат тоа. Знае ли Зеленски и дали ќе ја смени политиката или ќе го чека неизбежното.