Се менува кривичното дело за ,,Трезор”, Мијалков добива послабо обвинение

Од:

Судењето за случајот „Трезор“ одложено за 24 ноември, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

На денешната расправа, како што информираат од Кривичен, јавниот обвинител изврши прецизирање на обвинителниот акт и преквалификација на кривичното дело согласно измените на КЗ за еден од обвинетите, додека одбраната барала тоа да се примени и за останатите.

– Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се одржа главната расправа за предметот со КОК бр. 214/22 од обвинителството означен како „Трезор“ на која Јавниот обвинител, имајќи ги предвид измените и дополнувањата на Кривичниот законик изврши прецизирање на обвинителниот акт како и преквалификација на кривичното дело од член 353 ст. 5 во став. 4, а во врска и со други членови, па врз основа на тоа побара за обвинетиот Н.С. да се примени поблагиот Закон и судот да донесе соодветна одлука во правец на измените во КЗ. Одбраната пак побара од судот поблагиот Закон да се примени и за останатите обвинети, без разлика на прецизирањето на акт, за што судот ја одложи расправата за 24.11.2023 година во 09:00 часот за кога побара и Јавниот обвинител дополнително да се прозинесе за предлогот на одбраната, информираат од Кривичен суд.

Предметот „Трезор“, се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Шврговски: Судот донесе законита и правична одлука за „Трезор“

Горан Наумовски

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор