Силен земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западен Тексас, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 151 километар западно-југозападно од Одеса, а се случил на длабочина од 10 километри, соопшти EMSC.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.