СДСМ: Економските мерки за заштита на стандардот даваат резултат, инфлацијата се намалува

Од:

Економските мерки и политики на владата предводена од СДСМ даваат резултати, кои ги чувствуваат сите граѓани. Инфлацијата континуирано се намалува. Стапката на инфлација во октомври се намали на 3,5 проценти и е речиси преполовена во однос со претходниот месец, кога растот на трошоците за живот беше 6,6 отсто, велат од СДСМ.

„Инфлацијата е намалена за 5,5 пати, во споредба со октомври минатата година кога изнесуваше 19,8 отсто. За заштита на стандардот на граѓаните, наскоро треба да биде проширена мерката за „гарантирана цена“, а дополнително на намалување на цените ќе влијае донесувањето на предложениот закон за нефер трговски пракитки. СДСМ продолжува да носи мерки во интерес на граѓаните и заштита на животниот стандард“, е наведено во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата

(ВИДЕО) Кузеска од СДСМ: Имавме фер и демократски избори, граѓаните покажаа зрелост

Орце Костов

Се поскапо станува одењето по ресторани и кафеани