Милиони Австралијци oстанаа без мобилни и интернет услуги

Од:

Милиони Австралијци денеска останаа без мобилни и интернет услуги откако мобилниот оператор Optus доживеа пад на системот. Optus е вториот по големина провајдер во земјата, со повеќе од 10 милиони индивидуални клиенти и уште стотици илјади правни лица со кои работи.

Прекинот предизвика доцнење во сообраќајот, оневозможени болнички телефонски комуникации и платежниот систем, јавува Би-Би-Си. Причината за прекинот е непозната, а Optus рече дека нема докази за сајбер напад и вети дека ќе ги обнови услугите до крајот на денот.

Министерката за комуникации Мишел Роланд рече дека ова е вознемирувачко утро за многу Австралијци и ја повика компанијата да биде транспарентна и „навремена“ во информирањето на клиентите.

Компанијата Optus минатата година претрпе хакерски напад што доведе до кражба на лични податоци од околу 10 милиони сметки, што е најголемиот ваков инцидент во Австралија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа