Средба Николовски – Кошарац: Подготвени сме нашето позитивно искуство со ИПАРД програмите да го споделиме со БиХ

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во рамки на денешниот 17 годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа, заедно со раководителот на секторот за рурален развој, Гоце Георгиевски и раководителот на секторот ИПАРД, Живко Брајковски, оствари средба со министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац.

Нашето позитивно искуство во реализација на ИПАРД програмите отворено го споделуваме со другите држави во регионот.

„Земја лидер сме во искористувањето на средствата од ИПАРД 2 програмата и тоа по неколку основи, имаме најголма 100% реализација на програмата, со нула евра поврат на средства и први во регионот ја започнавме реализацијата на новата ИПАРД 3 програма. Нашиот успех со ИПАРД го потврди и Европската Унија зголемувајќи ги за 62% средствата на Европската Унија, со што од 60 за новата ИПАРД 3 програма на располагање имаме 97 милиони евра европски средства“, истакна на средбата министерот Николовски.

Горди сме на нашата успешна ИПАРД приказна и посветно работиме во креирањето на новата успешна ИПАРД 3 програма, нагласи министерот Николовски презентирајќи ги новите можности предвидени во новата ИПАРД 3 програма. Една од новите можности која се предвидува со ИПАРД 3 програмата е авансната исплата до 50% од висината на финансиската поддршка веднаш по потпишување на договорот. Како земја лидер приви ја започнавме реализацијата на новата ИПАРД 3 програма, која стартуваше на 1 септември преку распишување на првиот јавен повик за мерките 1 и 7, каде на располагање беа ставени и првите 30 милиони евра.

На средбата двајцата министри договорија во скоро време официјална посета на министерот Кошарац во Северна Македонија, на која како држава ќе ги пренесеме сите искуства и знаења на БиХ за подобра имплементација на ИПАРД програмата.

Добрата регионална соработка е важен фактор во евроинтеграциите на земјите од регионот, а позитивен пример за таквата соработка е Отворен Балкан, нагласи на средбата министерот Љупчо Николовски. Иницијатива која веќе ги дава своите резултати. Трговската размена помеѓу земјите членки на Отворен Балкан достигна 1,1 милијарда евра, што е резултат токму на оваа иницијатива. Министерот Николовски на средбата изрази очекување дека во скоро време кон Иницијативата Отворен Балкан ќе се приклучи и Босна и Херцеговина. Како држави од регионот важно е да се држиме едни со други и да си бидеме меѓусебна поддршка, само така ќе имаме напредок.

Би можело да ве интересира

Преку ИПАРД 3 стопроцентна поддршка до максимум еден милион евра за проекти на руралните општини

Николовски: Со првиот повик од ИПАРД 3 програмата го срушивме рекордот на интерес кај земјоделците

Потпишување на финансиската спогодба за ИПАРД 3

Младите земјоделци во фокусот, над 50 милиони евра поддршка преку ИПАРД и „Млад земјоделец“

Можностите и критериумите за користење средства од ИПАРД 3 претставени пред стружани

Димковски: Започна ИПАРД 3 програмата, 97 милиони евра од ЕУ за модернизација на македонското земјоделство