Клиниката за гинекологија и акушерство објави убава приказна за малиот Едон Спахију. Од Клиниката соопштија дека по 77 дена поминати на Одделението за интензивна нега и терапија на ГАК, вчера Едон Спахију си заминал дома во добра состојба и со уреден наод на виталните функции.
Роден е во 27 гестациска недела со тежина од само 940 грама, а го испратиле со телесна тежина од 2110 грама.
-На Едон му посакуваме многу здравје, радосно детство и среќа. На неговите родители им благодариме за трпението и за соработката во периодот на заедничката борба во која најголема заслуга има малиот борец Едон, се вели во објавата од ГАК.